Дома Моторспорт Астрономска сума: Мерцедес му нуди на Хамилтон договор со бројки какви што Ф1 не памети!

Астрономска сума: Мерцедес му нуди на Хамилтон договор со бројки какви што Ф1 не памети!

Британскиот возач Луис Хамилтон ќе биде неверојатно богат кога ќе го потпише новиот тригодишен договор со Мерцедес.

Хамилтон долго време размислува дали ќе потпипе нов договор со својот долгогодишен тим, а многумина сметаат дека се уште не одлучил дали сака да премине во Ферари. Не е тајна дека Ферари сака да го доведе. Британецот претходно најави дека во текот на зимото ќе донесе одлука за од март да може да се сконцентрира на новата сезона.

До потврда се уште не дошло, но на големо се шпекулира дека одлучил да остане во Мерцедес кој му нуди астрономски договор. Британски „Сан“ објави дека Мерцедес на Хамилтон му нуди 60 милиони фунти годишно. И тоа станува збор за тригодишен договор што значи дека неговата вкупна заработка ако стави потпис за три години ќе биде 180 милиони фунти.

Во овој момент Хамилтон добива 40 милиони фунти годишно и актуелниот договор му има важност до крајот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…