Дома Фудбал „АС“ објави: Навивачи на Атлетико пееле „Винисиус шимпанзо”

„АС“ објави: Навивачи на Атлетико пееле „Винисиус шимпанзо”

Реал Мадрид го помина Атлетико во градското дерби на осминафиналето од Лигата на шампионите после пенали и на тој начин избори четвртфинале против Арсенал. Првиот натпревар на Бернабеу заврши со победа на Реал 2:1. Во реваншот, Атлетико на својот стадион победи 1:0 со гол на Конор Галагер во 1-та минута.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој резултат беше до крајот на продолженијата, па победникот беше одлучен со пенали. Реал победи во пенал-серијата со 4:2, а серијата беше обележана со одлуката на судијата Симон Марчинијак да го поништи голот на Хулијан Алварез по интервенција на ВАР. Откако Антонио Ридигер го погоди победничкиот пенал, навивачите на Реал бурно славеа на стадионот на еден од двата најголеми ривали.

Репортерот на „АС“ известува дека навивачите пред натпреварот, во исчекување на автобусот со играчите на нивниот клуб, пред стадионот ја пееја познатата песна „Але, але, Атлетико те сакам до крај“, при што последниот дел замениле со „Винисиус шимпанзо“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…