Дома Фудбал Артета пак „плаче“: Многу лесно можеше да биде пенал за нас

Артета пак „плаче“: Многу лесно можеше да биде пенал за нас

Арсенал го загуби трофејот во Лига на шампиони после пеналите против Пари Сен Жермен, иако е дискутабилно дали заслужија да стигнат до пенали, а Микел Артета покажа дека не знае да се справува со порази.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанскиот тренер веднаш по финалето мораше да ги коментира одлуките на судиите како фактор за поразот, и покрај фактот дека двете ситуации (кај пеналот за Пари Сен Жермен и кај недосудениот пенал за Арсенал) беа чисти:

– Ја погледнав снимката повторно и многу лесно можеше да биде досуден пенал. Кога погледнеме какви пенали се досудуваа во натпреварувањето оваа сезона, јасно е зошто мислам така. Судијата ја донесе таа одлука, но во случајот со Москера донесе различна. Тоа беше многу важна ситуација.

Артета продолжи во истиот тон…:

– Во шеснаесетниците, преку пеналот досуден против Москера, пеналот што не беше досуден за Мадуеке, и потоа преку изведувањето на пеналите, тие ситни нијанси не беа на наша страна. Сите ситуации со пеналите во Лига на шампиони оваа сезона ги погледнав во последните 72 часа за да разберам што е пенал, а што не е, и според моето мислење ова многу лесно можеше да биде пенал. Што се случи, се случи и тоа не може да се промени. Мораме да бидеме подобри, да напредуваме и да најдеме други начини и ситни предности кои ќе ни донесат резултати какви што сакаме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…