Дома Фудбал Артета: Нема разлика меѓу Манчестер Сити и нас, постои елемент на среќа…

Артета: Нема разлика меѓу Манчестер Сити и нас, постои елемент на среќа…

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, изјави дека неговиот тим во вечерашниот натпревар против Манчестер Сити ја пропушти шансата за голем чекор кон освојување на титулата во Премиер лигата, но дека се’ уште сѐ е во нивни раце и дека верува во успех.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Во завршницата на натпреварот можеше да се види ставот на тимот. Можевме да бидеме посмирени во одредени ситуации, но секако ја однесовме играта таму каде што сакавме. Знаевме дека имаме голема шанса да победиме. Бевме блиску, но недоволно. Но сега мора да се ресетираме. Денес пропуштивме голема шанса. Но остануваат уште пет натпревари до крајот. Има многу позитивни работи од денешниот натпревар”, рече Артета, пренесува Скај.

Фудбалерите на Арсенал загубија во Манчестер од Сити со 1:2, во натпреварот од 33. коло на Премиер лигата. Лондонскиот тим е прв на табелата и има 70 бода, три повеќе и еден натпревар повеќе од Сити.

„Кога не ги искористувате шансите, а тие имаат квалитет, тоа е ризик бидејќи тогаш го губите натпреварот. Не мислам дека имаше разлика меѓу двата тима. Постојат елементи на среќа, дали топката ќе влезе во гол или не. Кај вториот гол, топката се одби до Халанд. Тука е и индивидуалниот квалитет, да се биде ладнокрвен, прецизен и немилосрден. Ние апсолутно го направивме тоа”, наведе Артета.

„Тоа беше битка, интензитет, што се очекува. Дел од натпреварот имаше многу сличности со првите 28 минути од финалето на Лига купот. Имавме две огромни шанси да поведеиме. Но не успеавме и тоа го промени текот на натпреварот”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најдобриот фудбалер во Франција стартер бил само на девет натпревари

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле (28), повторно е прогласен за најдобар играч …