Дома Фудбал Артета и Арсенал не мируваат, веќе е договорено првото јануарско засилување на премиерлигашот

Артета и Арсенал не мируваат, веќе е договорено првото јануарско засилување на премиерлигашот

Зад Арсенал е одличен трансфер период, особено кога станува збор за доведувањето на нови играчи на Емиратес, но не е лошо ни завршена работата со заминувањата од овој тим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според англиските медиуми, Арсенал веќе го договори првото јануарско засилување иако јануари е многу далеку, а летниот трансфер период штотуку заврши.

Топџиите потрошија многу пари ова лето, и донесоа вкупно осум нови фудбалери.

Мартин Зубименди, Еберечи Езе и Виктор Гјокерес се некои од играчите кои ова лето пристигнаа на Емиратес за огромна сума.

Секако, тука се и Нони Мадуеке, Кристијан Москера, Кристијан Норгаард и Кепа Аризабалага, а последниот ден од трансфер периодот пристигна и Пјеро Хинкапије.

Според новинарите на Caugt Offside, Арсенал долго време го следеше и наводно го договори доаѓањето на стоперот Луис Бенедети и во јануари ќе испрати официјална понуда.

Бенедети има 19 години и привлече многу внимание заради партиите што ги прикажува во Бразил, а долго го следи и Барселона.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…