Дома Фудбал Арсенал уште ќе чека, ПСЖ пак е европски шампион! (Видео)

Арсенал уште ќе чека, ПСЖ пак е европски шампион! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ повторно го освоија насловот европски прваци откако во драматичното финале на Лигата на шампионите на “Пушкаш Арена” во Будимпешта го совладаа лондонски Арсенал по подобрата изведба на пеналите (4:3). Редовното време и продолженијата завршија 1:1, а во пенал-лутријата, Парижани покажаа повеќе смиреност и среќа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


ПСЖ на тој начин стана само вториот тим по Реал кој ја одбранил титулата во ова натпреварување познато како Лига на шампионите, а воедно станаа и шампиони на Франција.

Натпреварот започна шокантно за францускиот шампион. Само што започна, во 6. минута капитенот на ПСЖ, Маркињос, направи голема грешка. Тросар пресече топка и фантастично го асистираше Кај Хаверц, кој од левата страна погоди под греда за водство на Арсенал од 1:0. Потоа, ПСЖ ја презеде целосната контрола над играта, додека Артилеристите се бранеа решително.

Во 16. минута се случи првата контроверзна ситуација, кога играчите на ПСЖ бараа пенал поради двојката играње со рака на Сака, но судијата Даниел Зиберт остана нем и на пауза се отиде со водство на Арсенал од 1:0.

ПСЖ иако не создаваше многу шанси, постојано напаѓаше, а нивниот притисок се исплати во 62. минута. Кварацхелиа ја збуни одбраната на Арсенал, Москуера го сруши, а германскиот судија посочи на белата точка. Осман Дембеле беше прецизен реализатор за 1:1.

До крајот на редовното време, Кварацхелиа ја погоди стативата, а Баркола и Витинја пропуштија големи шанси за целосен пресврт.

Првото продолжение внесе нови контроверзии. Во 102. минута, целиот тим на Арсенал бараше пенал по дуелот помеѓу Нуну Мендеш и Мадуеке во шеснаесетникот на ПСЖ. Сепак, Зиберт повторно не досуди ништо, а ВАР не се вклучи, што предизвика гнев кај менаџерот Микел Артета и Деклан Рајс, кои заради жестоки протестни добија жолти картони.

Физички исцрпените Парижани во тие моменти останаа без Витинја и Маркињос, кои поради повреди и грчеви мораа да ја напуштат играта.

Во второто продолжение, на теренот не се случуваше ништо значајно. Двете екипи беа потполно исцрпени, чувајќи го својот гол, и беше јасно дека свесно се чекаат пенали. Откако Зиберт го свирепе крајот на 120-тата минута, се премина на изведување на пенали.

Гонсало Рамос беше многу прецизен во првата серија за ПСЖ, и истото го направи Гјокерес на другата страна. Во втората серија, Доуе беше мошне сигурен за водство на ПСЖ од 2:1, а Езе многу лошо изведе пенал за Арсенал, шутирајќи покрај голот.

Вратарот Реја во третата серија го одбрани пеналот на Нуну Мендеш, а Рајс израмни на 2:2.

Хакими прецизно погоди во четвртата серија за 3:2, а Мартинели со одличен удар израмни на 3:3. Во петтата серија, Бералдо погоди за 4:3, а Габриел промаши, па ПСЖ се радуваше по пеналите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најдобриот играч на финалето во Лигата на шампионите!

Париз Сен Жермен успеа да ја одбрани титулата европски првак откако денеска по пенали беше…