Дома Фудбал Арсенал летово може да добие засилување од Пари Сен Жермен

Арсенал летово може да добие засилување од Пари Сен Жермен

Лондонскиот Арсенал во летниот трансфер период повторно ќе се обиде да го доведе играчот од средниот ред на ПСЖ, Канг-ин Ли (24), кој им избегна во јануари, објавија британските медиуми. Ли пристигна на Паркот на принцовите во летото 2023 од Мајорка, а ПСЖ плати за него 22 милиони евра. Неговиот договор истекува дури во јуни 2028 година, но францускиот шампион е подготвен да го пушти за сума од 20 милиони евра, пишуваат британските медиуми.

Јужнокорејскиот репрезентативец е незадоволен со минутажата во францускиот клуб. Во домашното првенство има можност да покаже што знае и оваа сезона запиша по шест голови и асистенции, но во Лига на шампионите игра многу малку. На Арсенал му треба играч од средниот ред, бидејќи ова лето најверојатно ќе го напуштат Емиратс Жоржињо и Томас Парти, на кои им истекува договорот во јуни.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Арсенал минатата недела веќе договори прв трансфер за летниот трансфер период. Игралот од средниот ред на Реал Сосиедад и шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди ќе се приклучи на лондонскиот клуб. Информацијата ја потврди Фабрицио Романо, кој го објави својот обичен “Here we go”, што значи дека договорот е завршен.

Зубименди, кој има 26 години и беше голема желба на Реал Мадрид со кој долго време се поврзуваше, доаѓа во Арсенал од Реал Сосиедад и ќе биде дополнителна опција во средниот ред на Арсенал, каде оваа сезона имаше одредени проблеми.

Фото: Arsenal FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд сака да игра со Јамал во Барселона

Фудбалерот на Манчестер јунајтед Маркус Рашфорд изјави дека би сакал да игра заедно со Лам…