Дома Фудбал Арсенал летово ќе го смени голманот?

Арсенал летово ќе го смени голманот?

Шпанецот Давид Раја лесно може да остане без место на голот на англискиот првак Арсенал. Микел Артета е подготвен следната сезона да ја засили конкуренцијата, а желбата е актуелниот голман на Аталанта, Марко Карнесеки.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите кои стигнуваат од Бергамо, Арсенал е сериозно заинтересиран за 25-годишниот чувар на мрежата, но за да се случи трансферот, ќе мора значително да ја наполни касата на италијанскиот клуб.

Аталанта, според наводите, ќе бара најмалку 40 милиони евра за услугите на овој голман. Под оваа сума не сакаат ни да разговараат.

Топката, значи, е префрлена кај англискиот првак. Арсенал ќе мора да го отвори „новчаникот“ ако го сака овој голман и ќе видиме дали навистина ќе успее да го доведе на Емирејтс.

Марко Карнесеки ја започна кариерата во младинските категории на Чезена, а член е на Аталанта од младинските денови. Одише на позајмица во Трапани и Кремонезе, а првотимец е од 2023 година.

25-годишникот брани извонредно. Настапи на 126 натпревари за тимот од Бергамо и 45 пати ја зачува својата мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафеал Леао ова лето ги исполнува своите соништа!

Ова лето ќе донесе одредени промени и во тимот на Милан, а еден од играчите кој ќе го напу…