Премиер лигата ги објави табелите со постигнатите резултати на клубовите од 1 јануари до последниот ден од декември 2024, односно во календарската година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На таа табела првото место сосема заслужено им припаѓа на играчите на Арсенал. Имаат ист број освоени бодови како Ливерпул и тоа со помалку одиграни натпревари и со подобра гол разлика.
Во 2024 година, Црвените одиграа 37 натпревари, Топџиите 36. Трет е Манчестер Сити иако има два меча повеќе од тимот на Микел Артета.
За жал за навивачите на Арсенал, ова е само статистика која покажува дека нивните миленици биле во најдобра форма во изминатите 12 месеци. Но, реалноста е поинаква.
Во мај, Манчестер Сити ја освои шампионската титула со три бода повеќе од Арсенал, додека во тековната сезона Ливерпул е прв со девет бода повеќе од третопласираните „топчии“.
Introducing the Premier League table for the calendar year… pic.twitter.com/tM98PVSuq9
— Premier League (@premierleague) December 31, 2024