Дома Фудбал Арне Слот веќе нема трпение! Покажа излез на двајца играчи на Ливерпул!

Арне Слот веќе нема трпение! Покажа излез на двајца играчи на Ливерпул!

Најновите информации од Англија велат дека Слот веќе се подготвува за трансферниот период кој го чека Ливерпул ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двајца играчи добија јасна порака да побараат нов клуб ова лето и дека повеќе нема место за нив на „Енфилд“.

Ливерпул сега е на петтото место на табелата во Премиер лигата и ова е многу тешка сезона за нив иако се актуелни шампиони.

Арне Слот е под се поголем притисок како тренер на „Црвените“, особено по елиминацијата од Лигата на шампионите од Париз Сент-Жермен.

Играчите на Ливерпул се обидоа да ја избегнат елиминацијата од ова натпреварување, но ПСЖ славеше со вкупно 4:0.

Слот потроши повеќе од 300 милиони евра во претходниот трансфер период на нови играчи како Флоријан Виртц и Александер Исак.

Од клубот заминаа Луис Диаз, Нунез и Куанса, но ништо од тоа не му помогна на Слот да постигне добар резултат оваа сезона.

Уште еден играч беше на излезната врата на Ливерпул во јануари, а тоа е Кертис Џонс и тој е отфрлен од Арне Слот.

Тој е еден од двајцата играчи кои повеќе немаат иднина на „Енфилд“ и тоа јасно му беше соопштено.

Освен тоа, излезната врата му беше покажана и на Алексис Мак Алистер кој беше поврзуван со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…