Поранешниот турски селектор Мустафа Денизли верува дека Арда Гулер не е среќен со неговата ситуација во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“ ова лето, но Реал се одлучи да го задржи во своите редови.
Гулер минатата сезона, но и на Европското првенство покажа дека е еден од најголемите европски таленти во моментов, но во Реал не добива минутажа.
„Нормално е затоа што не е во истата состојба како кога отиде во Реал Мадрид. Не изгледа среќно таму. Знаеме дека уживаше малку минути и можности, но неговите соиграчи во соблекувалната ги зголемиле своите изведби“, изјави Денизли.