Дома Фудбал Арбелоа е поранешен: ТРИ кандидати за нов тренер на Реал Мадрид!

Арбелоа е поранешен: ТРИ кандидати за нов тренер на Реал Мадрид!

“The Athletic” открива дека изборот за нов тренер на Реал Мадрид се стеснил и дека останале само неколку имиња.

Алваро Арбелоа нема да остане во клубот и следната сезона, а истиот извор тврди дека Флорентино Перез размислува за три кандидати.

Првиот е Јирген Клоп, некогашниот менаџер на Ливерпул, вториот е Дидије Дешамп, актуелен селектор на Франција, а третиот е Маурисио Покетино, исто така селектор – на Соединетите Американски Држави.

По Светското првенство ќе биде многу полесно да се донесе одлука, а кого ќе одбере Реал Мадрид, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најпознатиот клуб ќе добие најнеобичен стадион во светот: Ќе се гради од посебен материјал

Бирмингем Сити планира изградба на нов стадион кој треба да стане еден од најинтересните с…