
Арапските и шпанските медиуми известуваат дека Ал Хилал сериозно е заинтересиран за две клучни фигури на Реал Мадрид – тренерот Карло Анчелоти и ѕвездата на тимот Винисиус Жуниор.
Саудискиот клуб наводно е подготвен да понуди неверојатни 800 милиони евра за да го привлече овој двоец во Ријад.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Во таа сума е вклучен и огромен бонус за Винисиус, во случај да ја прифати понудата. Иако Винисиус во моментов има важечки договор со Реал Мадрид до 2027 година, преговорите за неговото продолжување наводно не се одвиваат глатко, што дополнително ги поттикнува шпекулациите за можен трансфер.
Ал Хилал, кој минатото лето го донесе Нејмар за 90 милиони евра, сака да направи уште поголем трансфер на пазарот. Клубот неодамна го отпушти тренерот Хорхе Хесус и бара ново големо име на клупата. Шпанските извори наведуваат дека токму тоа е причината зошто Карло Анчелоти ги паузираше преговорите со Фудбалската федерација на Бразил.
Ако Бразил на крајот го избере Хорхе Хесус за селектор, патот на Анчелоти кон Блискиот Исток би можел да стане реалност.