Дома Фудбал Антонио објави прва слика по тешката сообраќајка (Фото)

Антонио објави прва слика по тешката сообраќајка (Фото)

Фудбалерот на Вест Хем, Мајкл Антонио, кој на почетокот на декември 2024 година доживеа сериозна сообраќајна несреќа, ја објави својата прва фотографија по трагичниот настан. Несреќата не само што предизвика шок меѓу неговите фанови, туку ги отвори и прашањата за неговата понатамошна спортска кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фотографиите од целосно уништеното „Ферари“ се појавија на интернет кратко по несреќата и предизвикаа голема загриженост. Антонио претрпе повеќе скршеници и други повреди, кои го задржаа во болница речиси три недели. Во несреќата, тој бил заглавен во автомобилот цели 45 минути додека чекал да пристигне првата помош.

„Она низ кое поминав неодамна ми ги отвори очите. Животот е краток, и секој момент е вреден. Благодарен сум на Бог што ми даде сила да продолжам понатаму и што ми дозволи да бидам тука со моите најблиски“, објави Антонио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…