Дома Фудбал Антони продолжува да блеска. Погледнете го неговиот фантастичен гол од слободен удар

Антони продолжува да блеска. Погледнете го неговиот фантастичен гол од слободен удар

РЕАЛ Бетис избори настап во финалето на Конференциската лига со Челси, кое ќе се игра на 28 мај во полскиот Вроцлав. Бетис во регуларниот дел на возвратниот натпревар изгуби од Фиорентина со 2:1, а потоа во продолженијата постигна гол за 2:2 и така се пласираше во финалето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилецот Антони блескаше за Бетис. Крилото на Манчестер Јунајтед, кој е на позајмица во Бетис, со брилијантен удар од слободен удар во 34. минута го надмудри Давид Де Геа, кој беше целосно немоќен.

Погледнете го голот ТУКА. Подоцна во продолженијата асистираше на својот соиграч Абдесамад Езалзули за вториот гол.

Откако пристигна во Бетис, Антони се препороди и во 21 настап постигна осум гола и асистираше за пет. Веднаш се истакна како лидер на тимот откако во Јунајтед никогаш не ја оправда одштетата од 95 милиони евра за кои беше донесен од Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само ден по освојувањето на титулата, Артета нареди да се купи „фудбалерот од соништата“

Фудбалерите на Арсенал синоќа станаа шампиони на Англија откако Борнмут му „откина“ бод на…