Дома Фудбал Анхел Ди Марија се сели во нов клуб!

Анхел Ди Марија се сели во нов клуб!

Анхел Ди Марија ги информираше челниците на Бенфика дека не сака да го продолжи договорот.

Искусниот аргентински крилен играч нема да настапи ниту на Светското клупско првенство, па заминува од Бенфика без компензација, пишува „Рекорд“.

Крилниот фудбалер се простува од Бенфика и нема да патува во Соединетите Американски Држави, така што неговото збогување ќе се случи во финалето на Купот на Португалија.

Овој фудбалер веќе има 37 години и по две сезони ја напушта Бенфика.

За време на својата кариера играл за Росарио, Бенфика, Реал, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус.

За репрезентацијата на Аргентина одигра 145 натпревари, постигна 31 гол.

Очекуваме го неговиот следен клуб…

Фото: S.L. Benfica/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајкл Керик под притисок: Дали се ближи отказ?

Мајкл Керик е под сериозен притисок поради лошиот старт на сезоната на Манчестер Јунајтед,…