Дома Бокс Англиски боксер Џон Ајрес (22) пронајден мртов во река

Англиски боксер Џон Ајрес (22) пронајден мртов во река

Боксерот Џон Ајрес (22) пронајден е мртов откако исчезна во англискиот Самерсет. Последен пат бил виден на 3-ти март околу 2:30, а неговото тело било пронајдено околу 12 часа подоцна во реката. Обдукцијата покажа дека смртта настапила поради давење.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Ништо не може да опише како се чувствуваме сега. Џон беше сакан син, внук, брат, братучед, внук и момче. Знаеме дека ништо нема да го врати Џон, но само сакаме да разбереме што се случило пред неговата смрт”, изјави семејството, пренесува Дејли мејл.

Ајрес тренирал во Pyramid Boxing Club. “Pyramid Boxing Club изгуби еден од нашите млади талентирани боксери. Џек беше пријател, семеен човек и вистински борец. Многу ќе ни недостига”, изјавија од боксерскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Неофицијалната химна на БиХ ги воодушеви и луѓето во Би-Би-Си: Ова е многу заразно!

„Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“, звучи насекаде низ светот, а тоа е благодарение …