Дома Фудбал Анди Робертсон веќе е играч на Тотенхем

Анди Робертсон веќе е играч на Тотенхем

Тотенхем потпиша со Ендрју Робертсон, официјално објавија од клубот. 32-годишниот одбранбен играч го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, откако неговиот договор со тимот од Мерсисајд заврши.

Робертсон помина девет исклучително успешни години на “Енфилд”, каде двапати стана шампион на Англија и ја освои Лигата на шампиони.

Капитенот на Шкотска, кој моментално се подготвува за учество на Светскиот куп, можеше да се најде во Тотенхем и во јануари, но тогаш Ливерпул не го пушти, бидејќи немаа замена за него. Интерес за него имаше и од страна на Јувентус, но тој ги избра „шпорите“.

„Анди е некој на кого долго време му се восхитувам. Тој ќе донесе извонредни технички квалитети, искуство и лидерство. Тој е докажан победник на највисоко ниво. Едвај чекам да почнам да работам со него и да го видам неговото позитивно влијание“, изјави менаџерот на Тотенхем Роберто Де Дзерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убава слика од Прилеп: Новата Победа пред речиси полн стадион тргна со убедлив триумф!

Во Прилеп можеше да се види убава сцена новоформираната ГФК Победа која не е поврзан со ст…