Лука Модриќ одлично ја започна новата година. Откако на натпревар во првенството против Валенсија даде гол пет минути пред крајот за почеток на пресврт и важна победа од 2:1, три дена подоцна постигна гол и на Купот на кралот во победата со 5:0 против четвонивото лигаш Депортиво Минере.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Модриќ ова му е 27. натпревар оваа сезона и втор гол за Реал. Интересно е што двата е постигнал во новата 2025 и засега е најдобар стрелец на Реал заедно со Гулер оваа година.
„Модриќ е величествен дар за фудбалот. Особено за оние што може да уживаат во него одблизу. Навивачите, играчите, тренерите, јас. Импресионира со тоа како се подготвува за овие натпревари. Го прави тоа како да го чека финале. Тој е многу важен пример за нашите млади играчи”, рече Анчелоти.
.