Дома Фудбал Анчелоти го нарече најдобар во светот, а Перез реши да го продаде на денот на финалето со Барселона!

Анчелоти го нарече најдобар во светот, а Перез реши да го продаде на денот на финалето со Барселона!

Откако одигра 22 минути против Атлетико во полуфиналето на Суперкупот, заработи повреда и нема да биде во составот за финалниот натпревар со Барселона.

Поради неговата нова повреда, шпанските медиуми објавија дека клубот решил да го продаде и дека сега жали што претходно ја продолжил соработката со него.

Ферланд Менди беше купен за 48 милиони евра од Лион во 2019 година, а поранешниот тренер на Реал Карло Анчелоти изјави дека станува збор за “најдобриот бек во светот”. Италијанецот инсистирал на продолжување на договорот со него.

Во тоа време, Реал токму ја освои Лигата на шампионите, и претседателот Флорентино Перез беше убеден да му понуди нов договор, иако претпочиташе да се раздели со него.

Лекарскиот тим го предупредил Перез дека Менди е многу кршлив, но договорот сепак му беше понуден. Повредите продолжија и не прекинале оваа сезона, кога Французинот одигра само три натпревари.

Заклучокот на шпанските новинари е дека Реал Мадрид сега горко жали што го послуша Анчелоти и дека повторно ќе се обиде да го продаде Менди. Неговиот договор е со важност до 30 јуни 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…