Дома Фудбал Анчелоти го нападна судијата по црвениот картон на Белингем

Анчелоти го нападна судијата по црвениот картон на Белингем

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не го криеше своето незадоволство од судењето на Хозе Луис Мунуера Монтеро по нерешениот резултат 1:1 против Осасуна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот италијански стратег имаше сериозни забелешки, како на одлуката за црвениот картон на Џуд Белингем, така и на неколку ситуации во шеснаесетникот на противникот, кои, според него, требало да бидат прегледани со ВАР, но беа игнорирани.

„Одлично го започнавме натпреварот и добро го завршивме, и покрај тоа што долго време игравме со играч помалку. Што се однесува до црвениот картон на Белингем, сметам дека се работи за недоразбирање. Очигледно, судијата не го разбира најдобро англискиот јазик. Белингем му рече ‘од*би’, а не ‘е*и се’. Ако веќе се работи за погрешна интерпретација, шпанскиот превод би значел нешто како ‘не се шегувај со мене’, што не е навредлив“, кажа Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…