Дома Фудбал Анчелоти го избра најкомплетниот фудбалер во светот

Анчелоти го избра најкомплетниот фудбалер во светот

Карло Анчелоти е на големата сцена повеќе од две децении и за време на својата богата тренерска кариера има тренирано голем број играчи, вклучувајќи и оние кои се сметаат за најдобри во историјата, па кога пофалува некој играч, неговите зборови сигурно имаат тежина.

Парма беше првиот сериозен клуб кој го водеше Анчелоти, а репутацијата на тренер од светска класа ја изгради во Милан, за да во Реал добие епитет на легендарен тренер.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Реал Мадрид е единствениот клуб на чија клупа се врати и не крие дека својата тренерска кариера сака да ја заврши токму во Кралскиот клуб.

Успеа да оформи одличен тим во кој пред сè владее одлична атмосфера во соблекувалната и егото е целосно оставено по страна без оглед што екипата е преполна со светски ѕвезди.

Токму од таа причина, Анчелоти е оној кој многу често им дава комплименти на своите играчи и ги става во прв план, па сега упати огромни комплименти на Федерико Валверде.

„Тој е комплетен и многу важен играч затоа што може да покрие многу позиции и сè прави совршено“, започна Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брајтон го „прегази“ Челзи

Брајтон му нанесе тежок пораз на Челзи, само неколку дена по елиминацијата на овој ривал в…