Дома Фудбал Анчелоти ги израдува навивачите: Потврди две одлични вести!

Анчелоти ги израдува навивачите: Потврди две одлични вести!

Поразот во Билбао е минато, по победата во Жирона и новиот кикс на Барселона против Бетис, Реал Мадрид повторно е во игра да го преземе врвот на табелата.

Реал Мадрид не блескаше премногу, но сепак убедливо ја совлада Жирона со резултат од 3:0.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Карло Анчелоти по овој натпревар потврди две добри вести, а тоа е дека и Родриго и Винисиус Жуниор би можеле да бидат подготвени за гостувањето кај Аталанта во вторник.

Во исто време, Анчелоти потврди и една лоша вест пред патувањето во Бергамо, а тоа е дека Ферлан Менди се повредил и нема да може да помогне на тимот против Аталанта.

Реал Мадрид има дури три порази во Лигата на шампионите, и во случај на уште еден, сериозно би можел да се доведе во прашање пласманот во елиминациската фаза, иако тоа е навистина тешко да се замисли.

Реал Мадрид моментално е на 24-то место на табелата, последен меѓу тимовите што одат во плејофот и во преостанатите три натпревари мора да освои четири бодови за да го обезбеди местото во следната рунда.

По Аталанта, Реал Мадрид го пречекува слабечкиот Салцбург и гостува кај Брест.

За Анчелоти најважно е што Винисиус и Родриго се враќаат во клучен момент пред борбата за пласман во плејофот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гринвуд би можел да игра на Мундијалот, но не за Англија – соиграчите не го сакаат?

Фудбалерот на Олимпик од Марсеј, Мејсон Гринвуд, кој не се наоѓа во плановите на селекторо…