Дома Фудбал Анчелоти е неверојатен, постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите

Анчелоти е неверојатен, постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите

Иако во редовите на Атлетико Мадрид сè уште не може да се помират со несреќната и чудна елиминација од градскиот ривал Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите, елитното натпреварување мора да продолжи, а “кралскиот” клуб ќе продолжи да ја брани својата титула.

Во четвртфиналето го очекува двомеч против Арсенал, а тренерот на Реал Карло Анчелоти, со новото пласирање меѓу осумте најдобри тимови на Европа, продолжи да ги поместува фудбалските граници.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Италијанскиот стручњак во дуелите со Арсенал по петнаесетти пат во својата кариера ќе го предводи својот клуб во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

На тој начин го престигна Пеп Гвардиола, со кој досега беше изедначен во овој параметар, а зад нив двајцата се Алекс Фергусон (12), Жозе Мурињо (8), Диего Симеоне и Арсен Венгер (по 7), и Јирген Клоп, Рафаел Бенитез, Луј ван Гал и Томас Тухел (по 6).

Да потсетиме, Анчелоти е рекордер во ова натпреварување и по бројот на титули, а засега има пет (три со Реал и две со Милан).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо добил целосно одврзани раце да ја остави на клупата секоја од ѕвездите на Реал Мадрид.

Раководството на Реал Мадрид му изрази целосна доверба на тренерот на тимот Чаби Алонсо и …