Дома Фудбал Анчелоти: Бевме подобри од Барселона, требаше да победиме

Анчелоти: Бевме подобри од Барселона, требаше да победиме

Ова е третата победа на Барселона против Реал оваа сезона, го победија веќе во Ла Лига и во финалето на Суперкупот, а на „кралевите“ сега сериозно им се заканува сезона без трофеи, што за претседателот Флорентино Перез е незамисливо. Во домашното првенство се на -4 од Барса на пет кола до крајот, додека од Лигата на шампионите беа лесно елиминирани од Арсенал во четвртфиналето.

Тренерот на Реал Карло Анчелоти, кому и покрај сите успеси во Мадрид сега клупата сериозно му се ниша, смета дека неговиот тим бил подобар противник на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља и само недостигот на среќа влијаел да останат без триумф на крајот.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Сите можеа да уживаат во овој натпревар, а навистина мислам дека мојот тим беше подобар на теренот. Не бевме, можеби, на висина на задачата во првото полувреме, но во продолжението на играта бевме доминантни. Навистина мислам дека не би било незаслужено да победевме, бидејќи со играта го заслуживме тоа и немам што да им замерам на моите играчи“, рече Анчелоти и додаде:

Секако дека сме тажни што вака заврши, но не можам да му се лутам на никого. Имавме јасен план како сакаме да играме и токму така се однесувавме на теренот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

7 од 7: Убиствената серија на Ханзи Флик на финалината продолжува

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 на финалето за Купот на Шпанија по драматичен натпр…