Дома Останати Тенис Американецот Фриц има големо срце – ќе донира 82.000 долари!

Американецот Фриц има големо срце – ќе донира 82.000 долари!

Американскиот тенисер Тејлор Фриц изјави денес дека ќе донира околу 82.000 долари, колку што заработи за победа во првото коло на Австралија Опен, за да помогне на луѓето погодени од пожарите во пошироката област на Лос Анџелес.

„Чувствувам дека е најмалку што можам да направам”, рече четвртиот тенисер во светот, кој е роден во Калифорнија и сè уште живее во таа сојузна држава.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Фриц, минатогодишен финалист на Ју-Ес Опен, се пласираше ноќеска во третото коло на Отвореното првенство на Австралија, откако го победи 150. тенисер на светот Чилеанецот Кристијан Гарин со 6:2, 6:1, 6:0.

Во следното коло овој 27-годишен тенисер ќе се сретне со францускиот играч Гаел Монфис.

Пожарите што ја зафатија пошироката област на Лос Анџелес однесоа најмалку 25 животи, додека десетини луѓе се исчезнати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред еден месец го шокира Ѓоковиќ, а сега се скара со судија и направи хаос (Видео)

Американскиот тенисер Рајли Опелка се пласираше во следната рунда на турнирот во Далас, но…