
Додека Никола Јокиќ продолжува да доминира во НБА лигата и со лекота постигнува трипл-дабл учиноци, сè погласни се оние кои сметаат дека Србинот оваа година сепак не треба да ја понесе титулата најкорисен играч на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еден од најгласните критичари е НБА аналитичарот Џејсон Тимф, кој преку мрежата “X” изнесе остри забелешки на сметка на неговото играње во одбрана.
— Јокиќ потполно се откажа од играње во одбрана во втората половина од сезоната. Најлошата дефанзивна работа што сум ја видел од него — напиша Тимф, и додаде:
— Да, тој сè уште е најдобриот играч на светот. Да, знам дека може да биде добар дефанзивец. Но не, не треба да го освои MВП признанието оваа година.