Дома Македонски спорт AMС ги подели ваучерите: РК Вардар сепак доби, на сметката на ФФМ и оваа година „нула“

AMС ги подели ваучерите: РК Вардар сепак доби, на сметката на ФФМ и оваа година „нула“

Aгенцијата за млади и спорт (АМС) вчера ги објави ваучерите за клубовите за претстојната 2021 година.

Иако се најавуваше дека Вардар нема да добие ваучер, сепак тоа се случи. Се најавуваше дека Вардар може да остане без ваучер поради промената на името. Меѓутоа ракометниот клуб на Вардар го доби највисокиот ваучр помеѓу клубовите од 19 милиони денари или околу 310.000 евра.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Е.Пелистер и Металург добија ваучери од по 17.5 милиони денари (285.000  евра).

Помеѓу фудбалските клубови најмногу доби Шкендија (10.8 милиони денари), следат Шкупи со 10 милиони денари и Ренова 9.5 милионери. Вардар доби 8.4 милиони денари.

Кога се кошаркарите во прашање МЗТ го доби највисокиот со износ од 13 милиони денари, еден повеќе од Работнички, Гостивар 8.7, ФМП 8.2….

Од одбојкарските клубови за ЏИО Струмица беше издвоен највисокиот од четири милиони денари.

Кај федерацииите најмногу доби РФМ и тоа 16 милиони денари, следи Кошаркарската федерација со 14 милиони денари, па Одбојкарската со 112 милиони денари. Фудбалската федерација на Македонија и оваа година не доби ваучер од АМС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар немоќен во Тетово, дербито за Шкендија!

Без разлика на позициите на табелата, натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар секогаш ќе прив…