Дома Фудбал Алварез се огласи по поништениот пенал

Алварез се огласи по поништениот пенал

Реал, по драматичниот натпревар против Атлетико, се избори за четвртфинале на Лигата на шампиони, каде што ќе ги чека Арсенал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По поразот од 2:1 на Сантјаго Бернабеу, Атлетико во реваншот славеше со 1:0 со голот на Конор Галагер во првата минута.

Продолженијата не донесоа промена во резултатот па пеналите решаваа за тоа кој ќе продолжи понатаму. Реал беше поуспешен со 4:2, а главна тема беше поништениот пенал на Хулијан Алварез, кој се лизна и двапати ја допре топката.

По натпреварот, Алварез се изјасни на X, изразувајќи разочарување од испаѓањето и честитајќи му на Реал, но за поништениот пенал не коментираше.

„Боли да испаднеш откако си дал сѐ на теренот и се бориш до последната минута. Не ни беше судено, но оваа екипа покажа карактер, посветеност и срце. Благодарни сме на нашите навивачи што секогаш се тука, навиваат без престан и ја прават секоја утакмица посебна. Сега е време да продолжиме и да се фокусираме на тоа што следи. Честитки за Реал Мадрид за пласманот“, напиша Алварез на X.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва кажа „да“ на Барселона, но потоа пристигна неверојатна понуда!

Бернардо Силва е спремен да потпише договор со Барселона и повеќето од работата е веќе зав…