Дома Останати Ракомет Aлкалоид во „Борис Трајковски“ ќе води битка со АЕК за првиот европски трофеј

Aлкалоид во „Борис Трајковски“ ќе води битка со АЕК за првиот европски трофеј

Реваншот од финалето во Европскиот ЕХФ Куп меѓу РК Алкалоид и грчки АЕК ќе се одигра во најголемата арена во земјава – СЦ „Борис Трајковски“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако скопскиот тим досега ги одигруваше своите европски натпревари во салата во Автокоманда, за најзначајниот меч сезонава клубот реши да премине во значително поголем простор, каде се очекува силна поддршка од трибините.

Финалниот реванш, кој ќе го даде новиот освојувач на ЕХФ Купот, е закажан за 25 мај со почеток во 20:30 часот.

Првиот натпревар меѓу овие два тима ќе се одигра во Атина на 18 мај со почеток во 18 часот.

Фото: РК Алкалоид

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…