Дома Фудбал Алисон постигнал договор со Јувентус, но не брза со одлуката

Алисон постигнал договор со Јувентус, но не брза со одлуката

Голманот на Ливерпул Алисон Бекер постигнал усен договор за можен трансфер во Јувентус летово, соопштува Матео Морето. Токму бразилскиот репрезентативец е приоритетна цел на „бианконерите“ за засилување на оваа позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според некои извори, торинскиот големец нуди договор за 2+1 сезона со годишна плата од 5 милиони евра, додека цената на голманот е 10 милиони. Тренерот Лучано Спалети, пак, е еден од најголемите поддржувачи на ваков трансфер, бидејќи работел заедно со 33-годишниот голман за време на престојот во Рома.

Фабрицио Романо го потврдува заемниот интерес на двете страни, но прецизира дека самиот Алисон допрва ќе разговара со раководството на Ливерпул за својата иднина, имајќи предвид сериозната конкуренција со Гиорги Мамардашвили. Експертот за трансфери додава дека мрсисајдците автоматски го продолжиле договорот на долгодожниот голман до јуни 2027.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…