Дома Фудбал Александар Митровиќ со нов предизвик во Ал Рајан

Александар Митровиќ со нов предизвик во Ал Рајан

Александар Митровиќ ги финализира сите детали за соработка со Ал Рајан и наскоро ќе го официјализира договорот со катарскиот клуб, објави познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо со својата прочуена фраза “here we go”.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Српскиот напаѓач го прекина својот договор со Ал Хилал и се приклучува на Ал Рајан како слободен играч.

Во објавите се истакнува дека со пристигањето на Дарвин Нуњес во Ал Хилал, Митровиќ го загубил статусот на незаменлив стартер, што придонесе за неговото заминување и трансферот во Катар како логичен развој.

Според последните информации, во текот на наредната година двата клуба ќе му исплаќаат дел од платата. Од Ал Хилал ќе добие 10.000.000 евра, додека новиот клуб од Катар ќе му исплати уште 6.000.000 евра за истиот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По сѐ што беше кажано синоќа, Мбапе може да ги спакува куферите и да си замине од Реал Мадрид

Килијан Мбапе е под огромен притисок во Реал Мадрид, а по натпреварот против Еспањол, каде…