Дома Фудбал Албанската легенда порачува:Не знам како УЕФА дозволи да играат Србија и Албанија

Албанската легенда порачува:Не знам како УЕФА дозволи да играат Србија и Албанија

Србија во јуни ќе ги отвори квалификациите за Светското првенство 2026 со гостување кај Албанија. Во групата се уште Англија, Летонија и Андора, а Србија и Албанија се најголеми фаворити за второто место, кое води во дополнителни квалификации. Србија и Албанија последен пат играа во квалификациите за ЕУРО 2016, а тогаш Албанија успеа пред Србија да избори пат за Франција.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот во Белград беше прекинат по масовна тепачка, и победата на зелената маса ѝ беше доделена на Албанија. Легендарниот албански фудбалер Лорик Кана (41) учествуваше на тој натпревар како капитен на Албанија, а денес е вработен во албанската фудбалска федерација.

“Верувам дека двете репрезентации не сакаат да се повтори такво нешто. ФИФА и УЕФА имаат правила за забрана на мечеви на земји кои се во директен конфликт или имаат одредени политички разлики. Иако двете земји не се во директен конфликт ниту претендираат една на друга околу територија, поради она што го доживеавме како нација, а особено како албанско малцинство во Југославија, не е логично да играме едни против други во групата. Односите што ги имаме со Србите како народ и некои процеси ја прават ситуацијата деликатна. Особено поради Косово и сè што таму поминавме, каде сè уште нема решение.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …