Дома Фудбал Албанец остана без трансфер поради маица со натпис „УЧК“

Албанец остана без трансфер поради маица со натпис „УЧК“

Интересна ситуација беше забележана во последниот ден од преодниот рок.

Имено, навивачите на кипарски АПОЕЛ спречија трансфер на Ердис Кеча во клубот од Никозија поради неговата фотографија на неговиот Фејсбук профил на која носи маица со натпис на т.н организација „УЧК’.

Кипарските медиуми пренесуваа дека договорена била позајмица помеѓу ПАОК и АПОЕЛ, но истата во последен момент била поништена поради притисокот на фановите на „жолто-сините“.

Албанскиот репрезентативец дури и отпатувал во Кипар, но навивачите поради неговата слика на Фејсбук профилот го стопирале трансферот.

Кеча сепак подоцна успеа да направи трансфер, но не во АПОЕЛ туку во Панатинаикос каде што ќе настапува како позајмен фудбалер до крајот на сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…