
Шпанскиот новинар Ромен Молина откри на социјалната мрежа X дека агентот на Винисиус Жуниор го нудел својот клиент на најголемите европски клубови, но безуспешно.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ниту еден европски гигант не сака да плати на Реал Мадрид за Винисиус, дури ни Челси кој беше прилично заинтересиран за трансферот во претходните месеци.
Однесувањето на Бразилецот на теренот, но и надвор од него, доведе до тоа дека неговата следна дестинација би можела да биде исклучиво Саудиска Арабија.
Да потсетиме, Винисиус има само 25 години, а доколку сака и понатаму да игра на врвно ниво, ќе треба да работи на своето однесување.