Дома Фудбал Агентот на Хулијан Алварез првпат проговори за Реал и ги шокира навивачите на Кралевите

Агентот на Хулијан Алварез првпат проговори за Реал и ги шокира навивачите на Кралевите

Името на ѕвездата на Атлетико се најде во центарот на вниманието откако некои медиуми, меѓу кои и Sky Sports, објавија дека токму Алварез би можел да биде мистериозниот фудбалер за кого Флорентино Перез наводно е подготвен да понуди дури 150 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот се вклопува во речиси сите критериуми што неодамна ги наведе претседателот на Кралскиот клуб кога зборуваше за големото засилување.

Сепак, додека шпекулациите не запираат, од околината на Алварез пристигаат сосема различни информации.

Имено, неговиот агент Фернандо Идалго тврди дека никој од Реал Мадрид не го контактирал ни него, ни играчот.

“Немаме информации за тоа и никој не не контактирал по тоа прашање”, кратко порача Идалго.

Хулијан Алварез веќе некое време се поврзува и со Барселона, а медиумите во Шпанија наведуваат дека токму неговиот статус е една од најголемите теми пред летниот трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанците пронајдоа решение таму каде што го имаа: Европскиот првак повторно ги презема Аѕурите?

Во последниве недели многу се шпекулираше за тоа кој долгорочно ќе ја преземе селекцијата …