Дома Фудбал Италија Aталанта своите натпревари во Лигата на шампионите може да ги игра пред 80.000 гледачи!

Aталанта своите натпревари во Лигата на шампионите може да ги игра пред 80.000 гледачи!

Иако Милан не се избори за место во Лигата на шампиони на стадионот во Милано сепак, покрај Интер два клуба би можеле да играат во најелитното европско натпреварување.

Имено, Аталанта која обезбеди место во ЛШ би можела своите натпревари од ова натпреварување да игра на овој стадион.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала ја поддржува таа идеја и ќе се потруди Аталанта да игра на „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“.

Идејата се добила откако инспекцијата на УЕФА потврдила дека реконструкцијата на стадионот во Бергамо нема да биде завршена на време за Лигата на шампионите.
Аталанта за натпреварите од Лига на Европа го искористи „Мапеи“ стадионот на Сасуоло, но Милано е поблиску и има таква опција затоа што само Интер обезбеди место во ЛШ.

„Јас сум за тоа двата клуба да играат во Милано, наскоро ќе се донесе одлука, нас не ни пречи. Според мене тоа изгледа како одлична работа за забава бидејќи Аталанта е добар тим и тие ја имаат мојата поддршка. Ако Аталанта игра ветувам дека ќе одам на стадионот“, изјави градоначалникот на Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…