Дома Фудбал Англија Aртета стигна до 100 победи на клупата на Арсенал: Нека бидат уште многу!

Aртета стигна до 100 победи на клупата на Арсенал: Нека бидат уште многу!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета долго ќе го памети вчерашниот триумф во Премиер лигата на гостувањето против Фулам (0:3).

Арсенал на 11 кола пред крајот стигна до 21-та победа и ја задржа предноста од пет бодови во борбата за титулата над актуелниот шампион Манчестер Сити. За Артета тоа беше јубилејна 100-та победа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Навистина сум среќен што победивме, посебно што беше нагости и што не примивме гол. Поноштен ни беше гол и добро е што тој прихилошки момент успеавме брзо да го надминеме. Мило ми е што имавме различни стрелци. Леандро Тросар имаше три асистенции, иако и можеше да постигне гол“.

Зборуваше и за јубилејот.

„Не знам, можеби е навистина брзо. Среќен сум секако, нека бидат уште многу“, истакна Артета.

Арсенал во овој момент има пет бода предност на врвот на табелата пред второпласираниот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави изгледот на новиот дрес на Милан, „росонерите“ се враќаат 100 години назад

По неуспешната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал, во следната сезона Милан ќе се…