Дома Трансфер зона Aрсенал и Тотенхем го собираат „вишокот“, а Клоп би можел извлече премија од „супермарктот“ на Реал

Aрсенал и Тотенхем го собираат „вишокот“, а Клоп би можел извлече премија од „супермарктот“ на Реал

На Реал Мадрид му се брза за да го доведе Погба клубот сака да продаде неколку играчи и да финансира дел од трошоците за неговиот трансфер.

Реал отпатува во Канада, но и понатаму чекаат понуда. Иско поради раѓањето на детото остана во Мадрид и на припремите ќе пристигне подоцна, засега официјална понуда за играчот од Андалузија нема.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од друга страна Лукас Васкез е на мета на Арсенал, се споменува и Манчестер Јунајтед. Маријано Диаз исто така го привлекува интересот на Арсенал, а со неговото име се поврзуваа и италијанските екипи Рома и Милан.

И понатаму се одлучува околу Љоренте. После одличното ЕП за млади Зидан го промени мислењето за него Реал сака да го пушти на една година со клазула за откуп на договорот. Тотенхем и понатаму размислува, не им се допаѓа идејата тие повеќе би прифатиле пари, плус Љоренте за Ериксен со кого Реал подолго време се поврзува.

Но, јасно е дека Ериксен е алтернатива за Погба.

Кого сака Ливерпул од Реал?

Имено, како што пренесуваат англиските медиуми Марко Асенсио, „црвените“ се спремни да понудат 80 милиони евра за Марко Асенсио. Во таборот на „црвените“ знаат дека Реал мора да продава, Клоп за Асенсио е спремен да понуди 80 милион иевра.

Асенсио изгледа нема ништо против и можеби повеќе сака да игра на друго место затоа што после големите вложувања на Перез ова лето би можел наредната сезона да нема многу простор за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Проблем за Јувентус: Бремер има откупна клазула, Јунајтед е спремен да ја плати

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус,…