Toтенхем во вторникот беше поразен со високи 2:7 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Во Лондон одличен натпревар одигра Серж Гнабри кој постигна четири гола.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На навивачите на Тотенхем тешко им падна што Гнабри во минатотот играше за нивниот ривал Арсенал. Во Арсенал немаа трпение за него и го продадоа на Вердер, а потоа тој стигна до Баерн.
Арсенал сега на друштвените мрежи го избираше најдобриот играч за минатиот месец, а на нивниот твит се јави поранешниот напаѓач Лукас Подолски кој како опција го понуди Гнабри.
https://t.co/8ZRgjXn5dh pic.twitter.com/2lAUiAvRH6
— Lukas-Podolski.com (@Podolski10) October 3, 2019