Дома Фудбал Репрезентации Aргентинците долго чекаат на светска титула, а тимот за Мундијалот во Катар им изгледа – стpaшно!

Aргентинците долго чекаат на светска титула, а тимот за Мундијалот во Катар им изгледа – стpaшно!

Мундијалот во Катар е се поблиску, а една од репрезентациите која важи за фаворит секако е Аргентина.

„Гаучосите“ ја сонуваат светската титула уште во 1986 година кога последен пат беа светски шампиони со Марадона. На Светското првенство во Бразил Аргентинците играа финале кое го загубија од Германија на продолженија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега Меси има 35-години, но изгледа како токму сега да влегува во најдобрата форма, а останатиот состав изгледа многу подобро.

Стоперскиот тандем доаѓа од Премиер лигата, Ромеро игра одличнои во Тотенхам, додека Лисандро Мартинез по доаѓањето од Ајакс брзо стана еден од најважните играчи на Јунајтед. Не треба да се заборави и Николас Отаменди.

Бекови се Науел Молина кој од ова лето е во Атлетико и Акуња од Севиља, тука е и Хуан Фојт кој ќе се опорави до СП, алтернатива ќе биде Таљафико.

Среден ред – Паредес, Де Паул, Џовани Ло Селсо, но и Енцо Фернандез кој блеска во Бенфика и се погласни се најавите дека го чека важна улога на Мундијалот.

Напад – Лео Меси, Лаутаро Мартинез, а сега тука се додава и Хулијан Алварез кој покажува квалитет во Манчестер Сити. Секако, за Дибала не треба да се трошат зборови, меѓутоа него веројатно го чека улога од клупата како и Ди Марија кој беше полесно повреден на стартот во Јувентус.

Тука се уште Папу Гомез, Хоакин Кореа и Анхел Кореа…Според најавите стартниот состав би требало да изгледа вака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Во ФФМ делува како да има нетрпеливост кога станува збор за Пандев“

Македонскиот фудбалер, Бобан Николов беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров каде што з…