Италијанскиот стратег Карло Анчелоти призна дека не е сигурен дали и наредната сезона ќе биде тренер на Реал Мадрид.
Реал Мадрид има солидна предност на врвот на табелата во Ла Лига и чудо треба да се случи за „кралевите“ да останат без титулата во шпанското првенство. Сепак, Анчелоти не е толку сигурен дека ќе го води Реал и наредната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На крајот од сезоната клубот ќе ја оцени мојата работа и ќе биде донесена одлука дали треба да продолжам. Јас сум тука и уживам во секој ден“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Анчелоти може да ја загуби работата во Реал само ако „кралевите“ не ја освојат титулата во Ла Лига.