Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид мина низ вистински пекол за да се пласира во четвртфинале на Купот, откако во возбудлив натпревар, по 120 минути го совлада Елче со 2-1.
Искусниот Марсело доби црвен картон во 102. минута, а потоа Елче поведе со 1-0, по што Реал направи целосен пресврт преку Иско и Еден Азар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По натпреварот незадоволен беше тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти кој кажа дека распоредот на натпревари воопшто не му се допаѓа бидејќи е ужасен.
„Распоредот е ужасен и мора да се промени. Раководството на Фудбалскиот сојуз на Шпанија мора да разбере што прави. Овој натпревар можеше многу работи да промени. Можеби и досега требаше повеќе да играат, но минатото не се менува. Сега знам дека можам да сметам на Иско и Азар“, кажа Анчелоти.