Дома Македонски спорт Aнгеловски: Во првиот ден како селектор отидов во Џенова, така започна една убава историја

Aнгеловски: Во првиот ден како селектор отидов во Џенова, така започна една убава историја

Maкедонскиот селектор Игор Ангеловски денес имаше интервју за хрватскиот „данас.рс“.

Ангеловски после победата над Германија одново е во фокусот на медиумите во регионот. Во интервјуто тој разговараше на различни теми.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За проблемите во мак.фудбалот.

„Причината за послабата лига е во тоа што секој играч кој малку отскокнува веднаш сака да ја искористи приликата и кариерата да ја продолжи во странство. Кога на тоа ќе ја додадеме лошата фудбалска инфраструктура каде што се играат натпреварите од првата и втората лига, тука некаде се причината за разликата со првенствата во соседството“.

За враќањето на Пандев.

„Мојот прв ден како селектор започна така што се упатив за Џенова да разговарам со Горан Пандев кој поради ситуацијата во Фудбалскиот сојуз на Македонија тогаш престана да го носи репрезентативниот дрес. Отидов таму за да го убедам да се врати. Го прифати мојот повик, но Горан премногу ја сака Македонија и не ми требаше многу да го убедам. Од тогаш почна убава историја. Секогаш повторувам една моја реченица, па ќе ја споделам и со вас: Кога Горан Пандев зборува за фудбалот сите треба да молчат и да слушаат“, зборуваше помеѓу другото Мрме.

Целото интервју на Ангеловски можете да го прочитате тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …