Дома Фудбал Aматерска грешка на Италијанците: Место Киелини цел натпревар одиграл Ачерби!

Aматерска грешка на Италијанците: Место Киелини цел натпревар одиграл Ачерби!

На „Артемио Франки“ во рамките од Лигата на Нации вчера играат Италија и Босна и Херцеговина.

Пред овој натпревар се случи една бизарна ситуација која тешко дека се на некој стратег му се случила претходно. Италијанскиот селектор Роберто Манчини имал намера натпреварот да го започне со Џорџо Киелини, но неговиот стручен штаб место името на Киелини во првите 11 го запишале Франческо Ачерби.

Манчини можел да побара замена пред самиот почеток на мечот, но не го направил тоа затоа што за да побарал замена морал да го пријави Ачерби како повреден играч. Играчот на Лацио така иако требало да биде на клупата го одигра целиот натпревар.

„За грешката сум јас виновен. Записникот ми беше покажан, но не носев очила и им реков дека е во ред. Не видов дека го пишува Ачерби место Киелини“, призна Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…