Вардар во четврток после подолг период го очекува натпревар во Лигата на шампионите.
На Вардар му беа откажани претходните два натпревари, а сега во Скопје доаѓа екипата на Флензбург која е во подобра натпреварувачка форма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Натпреварот со Флензбург е прв за нас на домашен терен, знаете дека еден месец не сме одиграле натпревар. Секако дека Флензбург е во предност затоа што е во некоја натпреварувачка форма, ние месец дена тренираме и успеавме да одиграме два пријателски натпревари. Она што го очекувам е една машка борбена игра, ги анализиравме, не сме без шанси иако тие го победија ПСЖ и се без пораз. Играме дома и веруваме дека ќе излеземе како победници, за мене најважно е играчите да бидат подобри од претходниот натпревар. И тие имаат проблеми пред се со повредени играчи, немаат некоја голема ротација, но како што кажав можеби мала предност за нив е што се во натпреварувачка форма“, изјави тренерот Стевче Алушовски.
Натпреварот помеѓу Вардар и Флензбург се игра во четврток од 20:45 часот.