Во четврток екипата на Вардар ја очекува натпревар против Кјелце во Скопје.
За Вардар ова ќе биде еден тежок дуел. Такво нешто очекува и тренерот Стевче Алушовски, кој верува дека Вардар со игра како против Флензбург и Порто може да дојде до позитивен резултат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Она што треба да го кажеме пред мечот со Кјелце, а после репрезентативната пауза е дека имаме двајца играчи кои имаа мали проблеми, Ловро Јотиќ кој беше тука и работеше со нас имаше мала повреда, додека Филип Талески се врати со повреда. За среќа нашиот лекарски тим успеа да ги спреми и ќе бидеме комплетни“.
“Не чека натпревар против првата екипа во групата, покажаа најмногу, максимално незгоден противник кој е составен и од поранешни играчи на Вардар. Пред се мислам на Карачиќ и Душебаев кој знаат како е да се игра во Скопје. Клучот треба да биде нашата игра во одбраната, се подготвуваме, анализираме се што значи опасност од Кјелце и мислам дека ќе бидеме максимално спремни“.
„Не чекаат два натпревари со Кјелце, јас се надевам и верувам дека ќе одиграме на нивото на двата натпревари со Флензбург и Порто“, изјави Алушовски.