Maкедонскиот фудбалер Езгјан Алиоски го раскина договорот со Ал Ахли.
Како и што се очекуваше Алиоски си заминвуа од Ал Ахли откако овој клуб не успеа да се избори за опстанок во првата лига на Саудиска Арабија. Со испаѓањето драстично се намалува и буџетот на клубот и Алиоски е еден од фудбалерите кои заминуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите во Саудиска Арабија пренесуваат дека одржан бил состанок на кој раководството на клубот и Алиоски договориле спогодбен раскин на договорот.
Ова сигурно се добри вести за турскиот шампион Трабзонспор кој долго време се обидува да го доведе Алиоски, а сега можат да го добијат бесплатно. Ако Алиоски го избере Трабзон тогаш ќе има можност да настапува во Лигата на шампионите.