Дома Фудбал Италија Aлегри за забавата на фудбалерите со манекенките: Јас сум тренер, не чувар

Aлегри за забавата на фудбалерите со манекенките: Јас сум тренер, не чувар

Италијанскиот таблоид „Тhe King“ минатата недела пласираше вест дека фудбалерите на Јувентус после поразот од Атлетико од 2:0 во Лигата на шампионите биле на забава со 60 манекенки.

Таблоидот пишуваше дека фудбалерите организирале приватен лет и веднаш после натпреварот се упатиле на забавата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се пренесуваше дека се работи за приватна забава на фудбалери и манекенки, но станува збор за евент со бројни познати лица, инфлуенсери, па така и манекенки од сите краишта на Италија.

Од тимот на Јувентус наводно не се појавиле само Федерико Бернардески и Андреа Брзаљи што значи дека таму биле Кристиано Роналдо, Дибала, Пјаниќ...И сите останати.

Тренерот Масимилијано Алегри беше запрашан за оваа ситуација даде свој коментар. Алегри гласините ги потврди.

„Тоа беше вечера. Јас сум фудбалски теренер, а не чувар. Го направија тоа и добро е што го направија бидејќи атмосферата во тимот се крена на повисоко ниво. Тие се возрасни луѓе и знаат што прават. Мислам дека таа вечер донесе среќа бидејќи после тоа го победивме Наполи во првенството“, објасни Алегри.

Јувентус утре од 21:00 часот го очекува реваншот во Торино и после поразот во првиот натпревар од 2:0 голем дел од фудбалскиот свет не верува дека „старата дама“ може да ја надополни негативата против цврст тим каков што е Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Германците ги избраа најдобрите во годината!

Фудбалерот на Бајерн Џамал Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во сост…