Дома Топ вести „Aко денот по утрото се познава“, ова се погодоците и промашувањата на летниот преоден рок!

„Aко денот по утрото се познава“, ова се погодоците и промашувањата на летниот преоден рок!

Можеби изгледа прерано, но ЦИЕС објави листа за клубовите кои најдобро го одработеа преодниот рок.

Анализата на популарниот ЦИЕС кога се во прашање летните засилувања можеби изгледа прерано, но ако после паузата, односно доколку се водиме по она „денот по утрото се познава“, центарот за историјата и статистика направи листа на клубови кои профитирале или погрешиле со купувањето летниот преоден рок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобро помина Реал кого Куртоа го плати 40 милиони евра, а тој вреди повеќе од 60, одлична зделка направи и нивниот градски ривал Атлетико. Родри на Виљареал и беше платен 25 милиони евра, сигурно дваестина помалку од неговата вредност.

Во Италија Кристанте од Рома е дваесетина милиони повреден од платените, тука некаде се и Леглет од Барса и Наинголан кој веќе го постигна првиот гол за интер.

Добар потег е и Тореира за Арсенал, Роналдо за Јувентус. Кај Роналдо сегашната и претходната вредност навистина не се јасни. Имено тој сега според ЦИЕС вреди 120, а беше купен за 100. Не е јасно како неговата вредноста пораснала кога во првите три кола Португалецот запиша само една асистенција.
На листата како „полн погодок“ се означени уште Заза кој го засили Торино, Лафонт кој премина во Фиорентина, па Мутињо, Шаќири, Алисон Бекер, Класен, Бонучи…

Кои засега се сметаат за најлоши?

Челзи изгледа не помина добро плаќајќи го Кепа 45 милиони повеќе од неговата вредност, Пеп со Марез, 85 милиони евра за играч кој вреди помалку од 60. На оваа листа се уште Тило Керер кој премина во ПСЖ, Јери Мина кој направи трансфер во Евертон (јасно го преплати поради Мундијалот), повредениот голман на Наполи Мерет, Жоа Кансело од Јувентус, Пасторе, Одриозола, Бернат, па дури и Наби Кеита и Сери имиња за кои многумина веројатно не би се сложиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона му прави услуга на Елмас?

Дани Олмо е блиску до враќање во Барселона, oбјави Мундо Депортиво во написот под наслов „…